Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, сега се јавува како изведувач во корист на коалицијата СДС и ДУИ. Тие заедно си бираат кој ќе продолжи со бетонизација на Карпош, овој пат станува збор за бизнис кој би чинел 600 милиони евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е случајот со изградба на висококатници до 35 ката. Ова е планирано да се прави во кругот на поранешната фабрика Алумина. А,токму компанијата „Пуцко Петрол“ на Асмир Јахоски, син на пратеникот од ДУИ, Исмаил Јахоски, е компанијата која сака да ги гради висококатниците.

 

Станува збор за изградба на 353.491 метри квадратни станбен и деловен простор на локацијата кај поранешна Алумина.

 

Со ова тие се дел од активност која ќе го отежне живеењето на граѓаните во овој дел на Скопје.

 

Има многу прашања кои треба да се одговорат, а главно е зошто СДС и ДУИ сакаат да го реализираат овој проект?

 

Во целата оваа ситуација како изведувач се јавува Стевчо Јакимовски кој очигледно исто ќе има корист.

 

Вакви сомнителни фаворизирања на одредени фирми, лица ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи и истите ќе ги спречи, бидејќи факт е дека голем дел од тие 600 милиони евра ќе завршат во приватни џебови на лица од власта, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.