Ја разбираме нервозата на СДСМ која е поттикната поради драматичниот пад на рејтингот што се потврдува од во анкетата на американскиот институт ИРИ, а тоа е порака дека народот го прочита СДСМ, велат од ВМРо-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека в истата таа анкета, само 18% сметаат дека Македонија се движи во позитивна насока.

Токму затоа денес СДСМ наместо да понуди одговор на прашањето како се случило Јавното Претпријатие „Градски Паркинг“ наместо место за услуги на граѓаните да стане место каде братучеди, роднини и пријатели на функционери од власта се на големо вработувани во оваа институција, се занимава со измислени и вештачки теми.

 

Вистинскиот одговор на кој СДСМ и Демократски сојуз треба да дадат одговор е како се случило една институција која треба да биде на граѓаните да остане заробена и киднапирана во рацете на партиите на власт?

 

СДСМ да објасни по кој критериум вработувале роднини и пријатели на функционери на власта, а дома остануваат чесни луѓе кои со труд го стекнувале своето знаење.

 

Малку ли беше што функционери на власта користеле картички за паркирање, а сега и си вработувале по чудни критериуми свои роднини и пријатели?

 

И кога СДСМ ќе си го поставува прашањето зошто губат на избори и анкети, одговорот е зошто крадат, институциите ги претворија во партиски дувла и не испорачаа резултати – се наведува во реакција на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.