Секој ден е се поочигледна криминаланата и тендерска коалиција на СДС и Данела Арсовска, коалицијата Тачела, посочуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Се надеваме дека денес СДС и Ковачевски ќе се надминат себе си и конечно јавно пред скопјани ќе побараат оставка од Данела Арсовска.

СДС и Ковачевски на тајни средби наместо да договараат тендери со Арсовска преку нивниот директор во ЈСП за набавка на нафта, нека и ги одземат ингеренциите на Арсовска и нека им помогнат на приватните превозници во градскиот превоз во Скопје.

Тендер кој не случајно го доби токму фирмата на пратеник од нивниот коалиционен партнер.

Или пак доколку СДС сака да се реши проблемот со хаосот во Скопје и да се исплатат приватните превозници, на тајните средби нека побара од Арсовска да го поништи тендерот во ЈСП во кои не е предвиден попуст, или рабат, за да заштеди Арсовска преку нов договор од над 1.5 милиони евра, со кои ќе се исплати долгот кон превозниците.

Но, на СДС и Ковачевски не им се битни граѓаните, нив битни им се милионите евра и криминалот кој заедно го прават со Арсовска.

Барем еднаш да ги остават настрана криминалот и провизиите, за скопјани да се спасат од хаосот од Тачела коалицијата и за тоа не бараат оставка од Данела Арсовска, велат од ВМРО ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.