Тајната коалиција Ковачевски – Арсовска излезе на површина. И самиот Ковачевски призна дека имал средби со Арсовска во Влада. СДС и Арсовска стојат позади целиот хаос во главниот град, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека Ковачевски и Арсовска заедно се виновни за грабежот над скопјани кои здружно го прават. Нивната коалиција е само за бизнис зделки и тендери во четири очи.

Арсовска постави кадар на СДС за директор на ЈСП. Директорот на ЈСП, Стојковски, лично ја потпиша набавката од 27 милиони евра за гориво по цена од 2 евра за литро. Грабежот на Скопје е заеднички организиран од Ковачевски и Арсовска. Арсовска ги малтретира работници и го загрозува јавниот превоз во Скопје. Само за две недели, Арсовска се соочи со протести на вработените во ЈСП поради неисплатени плати, на приватните превозници поради неисплатен долг, како и протестите на вработените во Дрисла поради закани за отпуштање е доволен показател дека градот не функционира. Градот никогаш не бил понечист, граѓаните за прв пат немаат јавен превоз, додека претпријатијата се пред колапс, а долговите растат, Арсовска наместо да се фати за работа и да ги реализира проектите од програмата за Модерно Скопје за кои скопјани дадоа поддршка, се среќава на тајни средби со Димитар Ковачевски и СДС, се наведува во соопштението на партијата.

Една година беше доволен период за скопјани да видат дека Арсовска е најнеспособната градоначалничка.

Оваа криминалната коалиција Арсовска/СДС создава хаос во градот и е на штета на сите граѓани. Арсовска мора веднаш да си замине.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.