Тачела е коалицијата на СДС и Арсовска, на која со лепакот наречен тендери и дебели хонорари се прилепени и ГРОМ, ДУИ и Левица. Оваа Коалиција е одговорна за хаосот и нефункционалноста на градот. Сите директори на јавните претпијатија се дел од Тачела Коалицијата и тие наместо да ги решаваат проблемите на граѓаните, создаваат нови – стои во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат дека заедничката љубов на СДС и Арсовска најдобро се гледа во ЈСП каде кадарот на СДС Александар Стојковски склопил договор тежок 27 милиони евра со семејната фирма на пратеник од мнозинството на Ковачевски без да се пресмета рабат со што би се уштеделе најмалку 1,5 милиони евра.

Со овие пари ќе се платеа долговите кон приватните превозници и јавниот превоз немаше да биде во колапс.СДС залудно глуми лудило кога веќе сите гледаат како функционира нивната коалиција. Доколку навистина сметаат дека Данела Арсовска катастрофално го менаџира Градот Скопје, тогаш СДС ќе побараа нејзина оставка. Но вистината е дека меракот за пари, провизии и матни тендери им е заеднички, па затоа се врзаа – велат од ВМРО-ДПМНЕ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.