ВМРО ДПМНЕ преку соопштение испратено до медиумите најжестоко го осуди физичкиот напад од страна на раководителот на односи со јавност на Данела Арсовска врз новинарот Мартин Арсов, додека известувал за состојбите на градот.
Очекуваме оградување и јавно извинување на Арсовска, во спротивно ќе сметаме дека зад таквиот физички атак и попречување на работа на новинарите седи лично Арсовска под чија нарачка се врши линч на новинари. Наместо да се занимава со градот Арсовска нарачува и тепа новинари.
Ова е срам и брука за градоначалничката која добива срдечна, логистичка и политичка поддршка од Левица, Гром, СДСМ и ДУИ.
Бараме и другите партии да се оградат и да побараат јавно извинување на Арсовска поради атакот врз новинарите – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.