Јавното претпријатие „Градски паркинзи“ Скопје кое е долги години е управувано од кадар на партијата од власт, Демократски Сојуз е компанија должник. Ова претпријатие поради своето недомаќинското работење, должи 33 милиони денари кон Град Скопје, иако добивало дури и субвенции во речиси ист толкав износ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Очигледно дека се правени злоупотреби штом едно вакво претпријатие кое наплаќа простор за паркирање и кое речиси и да нема влезни трошоци, креирало толкави загуби. Постојат основани сомнежи дека директори, министри, советници и луѓе блиски до централната власт паркирале бесплатно преку упад на системот за паркирање. Ова значи дека додека граѓаните плаќале скап паркинг, додека градот Скопје со народни пари финансирал недомаќинско работење наместо да гради улици, реновира училишта, некој имал привилегија постојано 24/7 со години да користи бесплатен паркинг, само затоа што бил близок до власта на СДСМ, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Од партијата прашуваат даи ова се принципите за декриминализираност кои ги проповедаат функционерите од партијата чиј кадар го водел јавното претпријатие „Градски паркинг“?

Според нив, пва е класичен случај за обвинителството, доколку имавме правна држава, а не правен параван кој штити криминал на власта.

Јавно го повикуваме Демократскиот сојуз кој во моментов е панцир за заштита на криминалот на СДСМ и ДУИ да каже што се крие зад сомнежите за злоупотреби во градскиот паркинг, кои се лицата на списоците за слободно паркирање? Демократскиот сојуз е дел од власта на СДСМ за да користи привилегии и штити криминал, велат од ВМРО ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.