Ја повикуваме градоначалничката Данела Арсовска да не го политизира штрајкот и решавањето на проблемите со приватните превозници. Тоа нема никаква врска со политиката, туку со отсуството на способност да се носат вистински одлуки во градот Скопје од страна на градоначалничката, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Да се тргнат политичките флоскули на страна и Арсовска да започне да ги решава проблемите на скопјани и да не ја користи ВМРО-ДПМНЕ како изговор на сопствената неспособност.

Препорачуваме своето време да не го употребува во измислување на алиби туку да ги засука ракавите и почне да работи. Скопјани очекуваат реализација на проектот за модерно Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.