Официјализирана коалицијата Арсовска – ДУИ во Скопје, скопјани повторно измамени, велат во писменото соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Изминатиов период скопјани беа сведоци на политичкиот театар во организација на Данела Арсовска, ДУИ и ГРОМ, во која се направи целосна измама со волјата на граѓаните на неполна година по локалните избори.

Оваа коалиција ја официјализира и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, кој изјави дека ДУИ и официјално е во коалиција со Арсовска.

До овој момент, ДУИ својата коалиција со Арсовска ја наплатија со 2 директорски места во јавните претпријатија, како и директорско место во едно од средните училишта.

Данела Арсовска стана градоначалник со поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, каде граѓаните на Скопје дадоа поддршка за промени во главниот град и програмата “За модерно Скопје”.

Јавно ја повикуваме градоначалничката Арсовска да даде одговор на скопјани:

1- Дали кадрите на ДУИ поставени за директори на јавни претпријатија и средни училишта од страна на градоначалничката, ќе ја реализираат програмата “За модерно Скопје”, кога знаеме дека истите на последните локални избори ја поддржаа програмата на Петре Шилегов?

2- Според кои начела Арсовска ја оправдува коалицијата со ДУИ, ако се земе во предвид дека тие беа на власт заедно со СДСМ и Шилегов?

3- Какви се тие промени кои Арсовска ќе ги воведе во Скопје, кога главен партнер во коалицијата е истиот со минатиот градоначалникот кој таа го смени?

4- Дали градоначалничката не чувствува одговорност, за ваквата манипулација и изигрување на волјата на граѓаните од кој ја доби довербата?

ВМРО-ДПМНЕ како и досега ќе продолжи да работи во интересот на граѓаните и ќе даде поддршка на сите проекти кои ќе го подобрат животот на жителите на Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.