На празникот Илинден во скопско Инџиково со сина боја е вандализиран споменикот на убиениот бранител Горан Стојменовиќ во полициската акција против териристичка група стационирана во Диво Насеље во 2015 година. Со спреј е прекриена неговата биста, но и иконите од осветениот крст во селото.

Изразувам најостра осуда за вечерашното сквернавење на споменикот на загинатиот бранител во борбите во Диво Насеље, Горан Стојменовиќ како и на иконите кои се дел од осветениот крст поставен во истиот парк во Инџиково. Ваквиот сторен чин на денешниот голем македонски празник Илинден и христијански празник Св. Илија преставува срамен и кукавички чин кој е за најостра осуда, објави на Фејсбук градоначалник на општина Гази Баба Бобан Стефковски.

Тој побара итно и неодложно превземање на сите законски дејствија од страна на Министерството за внатрешни работи и откривање на сторителите на овој чин.

На граѓаните сакам да им порачам да бидат спокојни. И споменикот и иконите ќе ги обновиме, а традицијата на оддавање почит на херојот Горан Стојменовиќ, како и чествувањето на Соборот на 12те Апостоли во Инџиково ќе продолжи!, порача Стефковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.