На Денот на останието на Македонија – 11 Октомври, сите паркинзи под владение на ЈП „Градски паркинг“ ќе бидат бесплатни.

Како што соопштија од претпријатието, таквата одлука единствено нема да важи за паркингот на Водно.

Ги известуваме корисниците на нашите услуги дека на Денот на востанието на Македонија – 11 Октомври, вторник, на зонските паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје нема да се врши наплата, освен на паркинг зона А0 Водно.

 

Со редовна работа и наплата ќе работат двете катни гаражи: „Беко“ и „26ти Јули“ и јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Треска, Градска Болница и клинички центар Мајка Тереза.

 

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје на сите граѓани им го честита Денот на востанието на Македонија, 11 Октомври – се наведува во соопштението на „Градски паркинг“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.