Од ЈСП-Скопје информираат дека утре, вторник (28.11.2023 год) од 9 до 12 часот, поради одржување на генерална проба во врска со 30. Министерски совет на ОБСЕ, неколку сообраќајници ќе бидат затворени, па од тие причини дел од линиите од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот.

Изменети траси ќе имаат линиите 7, 8, 15, 15А, 18, 19, 21А, 26, 29, 59, и 118.

ТРАСИ НА ДВИЖЕЊЕ

Линии 8 и 15А

– од мост „Гоце Делчев“ наместо по булевар „Илинден“, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“ Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на движење.

Линии 7, 15, 19, 26, 29 и 59

– наместо на крајните терминали во Карпош 3 и Карпош 4, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“, па десно по улица „Никола Парапунов“ (стара телевизија) каде не чекаат време, туку веднаш ќе продолжуваат десно по булевар „Илинден“, па десно по улица „Љубљанска“, па со лево свртување ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“ Линии 18, 21А и 118

– од булевар „Крсте Петков Мисирков“ ќе продолжуваат право кон Бит пазар, потоа по булевар „Никола Карев“ (Пластичарска улица) и од кај Момин поток ќе продолжуваат по сопствените редовни траси до крајните стојалишта.

Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на движење.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.