Министерството за внатрешни работи потсетува дека утре во Скопје ќе има и протест и марш.

Поради најавено одржување на мирен протест, со почеток во 10 часот полициски службеници од СВР Скопје ќе преземат мерки за посебен режим, при што сообраќајот по потреба ќе се пренасочува од крстосница на бул.„Гоце Делечев“ со бул.„ВМРО“ кон крстосница на бул„Илинден“ со бул.„Климент Охридски“.

Со почеток во 16 часот, пак, поради реализација на мирен марш, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот по потреба ќе се пренасочува по рутата по која ќе се одвива маршот, и тоа од
крстосницата на бул.„Гоце Делечев“ со бул.„ВМРО“, право по ул.„Васил Главинов“, лево по ул.„Димитрие Чуповски“ и во продолжение до бул.„11 Октомври“, пред Собранието на РСМ, информира МВР.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.