Утре до 13 часот завршува рокот за доставување на понуди на јавниот повик на Владата за избор на компанија која ќе го преземе работењето на Балкан Енерџи Груп, објави АлсатМ.
Новата компанија ќе има обврска да произведува, дистрибуира и да ги снабдува со топлинска енергија потрошувачите на подрачјето на дел од градот Скопје и тоа: Аеродром, дел од Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Центар и Чаир. Засега најсериозен и можен кандидат за преземање на бизнисот е државната компанија ЕСМ која ќе има своја понуда на тендерот. Државата летово ѝ ги одзема лиценците за работа на БЕГ поради финансиска неликвидност на фирмата како резултат на високата цена на природниот гас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.