За време на Велигденските празници нема да се врши наплата на зонските паркинзи во недела 24.04.2022 и понеделник 25.04.2022, информираат од Јп Градски паркинг-Скопје.

Со редовна наплата ќе работат катните гаражи Беко и 26 Јули, паркиралиштата: Кочо Рацин, Градска Болница, Треска и клинички центар Мајка Тереза.

На сите верници од православна вероисповед им ги честитаме велигденските празници со христијанскиот поздрав ,,Христос Воскресе!” , порачаа од претпријатието.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.