Уставниот суд на денешната седница одлучи да укине дел од членот 3 став 1 од Одлуката за доделување еднократна парична помош на семејствата со новороденче на подрачјето на Општина Ѓорче Петров во 2022 година („Службен гласник на Општина Ѓорче Петров“ бр.18/2021), донесена од Советот на Општина Ѓорче Петров, со кој се условува оваа парична помош со брачната состојба на родителите.
„Оваа Одлука е оспорена меѓу другото поради постоење на дискриминирачки услов за добивање на еднократна парична помош, односно уверение од матичната книга на венчаните при поднесување на барањето.
Уставниот суд оцени дека со оваа одлука се повредува уставното право на еднаквост на граѓаните, предвидено во членот 9 од Уставот.
Подносител на иницијативата: Денис Димовски од Скопје“, стои во писменото соопштение на Уставен суд, испратено пред малку до медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.