Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски го осуди вандалскиот чин со кој се уништува урбана опрема.
– Жално е што сè почесто сме сведоци на дивјаштвото врз реквизитите и урбаната опрема која претходно е поставена на местата каде децата и граѓаните најчесто одмараат. Последниот случај е во дворот на ООУ “Ацо Шопов” каде што целосно е уништена урбаната опрема, а оштетен е и летниковецот, објави Костовски.
На овој потег во изминатиот период се вложени над 4.000.000 денари во ново игралиште, нова урбана опрема и ново зеленило.
– Јавно ќе побарам од директорот на основното општинско училиште и до МВР да постапи и најригорозно да го санкционира ваквиот вандалски чин, најави градоначалникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.