Денеска сме во посета на неколку проекти кои што се реализираат во текот на месец септември во општина Сопиште. Едниот е обновување фасада, реконструкција на фасада на подрачно училиште во населено место Чифлик, истакна Стевче Трпковски, градоначалник на општина Сопиште.

-Вториот проект кој денеска го посетуваме е токму ова место каде што реализираме нов паркинг простор пред детската градинка во Сопиште и третиот проект кој што ќе го посетиме е реконструкција и уредување на спортски центар каде што се наоѓаат повеќенаменски игралишта, тениско игралиште.

Во третиот проект ќе имаме нова содржина од детски забавен парк, летниовци и друга урбана опрема. Сите овие проекти кои што ги набројувам се реализирани од буџетот на општина Сопиште и вкупниот буџет за реализација е некаде повеќе од 7 милиони денари, додава Трпковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.