Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил работна средба со градоначалникот на oпштина Бутел Дарко Костовски, на која биле разгледани повеќе други аспекти на можна соработка на Министерството за внатрешни работи со локалната самоуправа.
Како што ветивме пред граѓаните уште во техничкиот мандат, еден од приоритетите во делот на изградба на нови објекти е полициската станица во oпштина Бутел, објект кој е во најлоша состојба. Oд тие причини веднаш се почнува со средување на проектна документација и пренамена на средства со цел што поскоро да започне изградбата на станицата. Вработените во МВР заслужуваат да работат во нормални услови, што ќе придонесе за зголемување на квалитетот на услугите кои ги даваат кон граѓаните и ултимативно, зголемување на безбедноста на граѓаните, што е наш приоритет, потенцирал министерот Тошковски на средбата, се наведува во соопштението од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.