Со скопските средни училишта под ингиренција на Данела Арсовскасе уште раководат истите директори на Шилегов, дополнети со по некој кадар од ДУИ, како што е новиот директор на средното училиште Арсениј Јовков.

Таквите несменети кадри во политичките кругови ги нарекуваат политичките стаорци, маргинални партиски извршители кои заеднички користат услуги, договараат јавни набавки, се комформираат во нездравиот политички амбиент. Ако малку се гребне по површината, ќе се види дека со гимназиите „Јосип Броз Тито“ и „Орце Николов“  управуваат политички кадри од ДОМ, односно од СДСМ.

Со „Јосип Броз Тито“ управува Силвана Кржовска, која е политички кадар на вечниот приврзок на власта, партијата ДОМ. Лесно може да се провери дека таа е и претседателка на форумот на жени на ДОМ.

 

Доколку во пребарувачот на страницата на АНтикорупциската комисија го впишете името на директорката Силвана Кржовска, нема да може да извршите увид во нејзината иморна состојба. Кржовска како и многу други функционери опфатени со аферата „Тајни имоти“ нема пријавено имот.

 

Освен што е директорка на скопската гимназија, Кржовска еназначена и за член на Управниот одбор на велешкото јавно претпријатие „Лисиче“.

 

Додека никој не знае со колкаво богатство располага директорката на скопското средно училиште, во раководството на гимназијата „Јосип Броз Тито“ удобно му е на уште еден домовски кадар, Христа Најданов, генерален секретар на школото и поранешен советник на ДОМ во Град Скопје.

Тој е награден и со столче во Управниот одбор во Државна лотарија.

 

 

Доколку се проверат извештаите како се работело во училиштата, ќе се видат и низа неправилности, фаворизирање на компании, маниоулирање со буџетите и на така скромните ресурси. За ова меодамна збореше и советникот од ВМРО ДПМНЕ Стефан Андоновски.

Првото училиште кое што според Андоновски работело незаконски изминатите години е токму гимназијата со која раководи тандемот од ДОМ, Кржовска – Најданов, „Јосип Броз Тито“. Тогаш Андоновски откри дека училиштето потрошило над 400.000 евра за одржување, набавило тонер и принтери во вредност од 40.000 евра, а во исто време и услуги за фотокопирање и принтање во вредност од 40.000 евра.

Првото училиште е „Јосип Броз Тито“, кое што за волјата на вистина започна да биде на дното и по успех, и по број на запишани ученици, и по меѓусебна конкуренција. Имаме сериозни проблеми прво со омилени фирми. Да видиме вака за одржување на зграда во „Јосип Броз Тито“ се потрошени 400.000 евра, нови згради да изградеа две помалку пари ќе потрошеа и тоа во 2021 година 10.900.000 денари, во 2020 година 500.090 денари, во 2020 година повторно 7.200.000 денари, во 2019 година 3.000.000 денари. Ова е се достапно од електронскиот систем на јавни набавки. И многу интересно за мебел во последните години се потрошени 46.000 евра, што мебел ќе беше, праша Андоновски и додаде:

Вториот дел е на обуки, 80.000 евра или 4.000.000 денари од кои за една од обуките организирана е од членката на Извршниот одбор на СДСМ, и би требала таа и да е платена од таа организација од Еразмус средства. И третиот аспект од јавни набавки што е многу интересен, училиштето набавува тонери и принтери и во исто време набавува услуги за фотокопирање и принтање и тоа за три години, набавка на опрема и одржување на таа опрема 40.000 евра, и за услуги за копирање исто така троши 40.000 евра.

Андоновски посочи дека и во средното училиште „Орце Николов“ потрошиле 200.000 денари за кетеринг, а потрошиле и 290.000 евра за тековно одржување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.