Скопје, 16 август 2023 (МИА) – Tим на ЈП Лајка неделава беше на неколку локации во општина Аеродром за спроведување на стратешкото заловување на бездомни кучиња и нивен хуман третман.

Од ЈП Лајка информираа дека заловувачкиот тим ќе ги посети Долно Лисиче, Горно Лисиче, Тодор Чангов, Лисиче, Ново Лисиче, Јане Сандански, Реонски центар, Бисер, Стар Аеродром, Мичурин и Острово.

Граѓаните од општина Аеродром можат да пријавуваат бездомни кучиња на 02 256 5859 / 071 219 925 или на [email protected].

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.