По пријава на Синдикатот СУТКОЗ при ССМ, денеска Државен инспекторат за труд и Државен управен инспекторат, влезе во претпријатието ЈП Водовод и канализација – Скопје, за да направи увид во неправилностите и незаконските задолженија кои им се врачуваат на поголем број вработени, а кои се противзаконски и не се во согласност со Колективниот договор за комунални дејности.
Синдикатот СУТКОЗ при ССМ испрати и барање до Управниот одбор за истиот да ги поништи задолженијата како спротивни на Закон и Колективен договор, а претседателот на СУТКОЗ и ССМ, Дарко Димовски оствари и средба со в.д. директорот, на која му укажа на сите неправилности и постапувања спротивни на Закон и Колективен договор од страна на новото раководство.
Очекуваме Државниот инспекторат за труд, Државниот управен инспекторат и Управниот одбор на претпријатието, да ги констатираат неправилностите и да ги поништат незаконските задолженија.
Исто така Синдикатот СУТКОЗ при ССМ, алармира дека претходното раководство, дало согласности ја известило агенцијата дека се продолжуваат договорите на околу 100 вработени кои се на определено време, а новиот в.д. директор Марјанчо Митовски ја повлекол и не ги продолжил договорите за вработување, со што оставил стотина фамилии без егзистенција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.