Еееее, колку само маскирани ликови постојат, вели Стефан Кирков, потенцирајќи дека скоро една година откако Данела Арсовска е градоначалник на Град Скопје, а за животните не е направено буквално ништо.

И покрај тоа што ѝ ја дадовме програмата напишана со целосни проекти, ветувања, ветувања и ништо од тоа…По улиците гледаме бездомни кучиња, изнемоштени и измачувани коњи, прегазени мачки, скопската ЗОО од најпосетена установа стана КЛАНИЦА и место каде повеќе ни детски родендени не се организираат и таму нема ниту една новина ниту проект освен директор машински инженер за вештачките диносауруси и лични интереси на Данела!
Друштвата за заштита ги нема – се задоволија со неколку бедни работни места и управни одбори, животните повторни робови на политиките!, пишува тој.

Од програмата нема ни 5% реализација, вели Кирков додавајќи дека со неа биле предвирени проекти за Скопскиот аквариум, гробишта за милениците, Европска Зоолошка градина, Градски закони за заштита на коњите, Градски закони за урбано чување на миленик и уште многу други.

Данела Арсовска – егото и интересите на страна – сакаше квалитетни кадри, каде се? Сакаше програма – каде е?
Јас пак ти стојам на располагање ако сметаш дека можам да ти помогнам, не ми треба работа – ИМАМ – сакам да е Скопје и Македонија подобро место за животните кои се во него и неа!, вели Кирков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.