Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски преку Фејсбук објава информираше дека село Кучково добива вода!

– Со голема посветеност пристапивме кон решавање на деценискиот проблем за водоснабдување во с. Кучково. Благодарение на тимот од секторот за урбанизам и чичко Томе, кој ја одреди локацијата за новиот бунар успеавме да добиеме 48 литри во секунда, Повеќе од двојно за задоволување на потребите на селото. Пристапуваме кон конектирање со главниот цевковод со што еднаш за секогаш го решаваме проблемот, напиша градоначалникот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.