Уличните кучиња кои ги има во се поголем број стануваат сериозен проблем во Ѓорче Петров. Глутници се забележуваат најмногу во населбата Даме Груев и Орман, во близина на детски игралишта и училишен двор.

Градоначалникот на Општината Александар Стојкоски вели дека имаат дојави од граѓани дека возила на одредени организации ги носат кучињата во Ѓорче Петров и тука ги оставаат.

Тоа се случува најмногу на влезот кај обиколницата, кај Орман. На дневна основа комуницираме со директорот на „Лајка“, имаме глутница на кучиња во населбата Даме Груев на улицата „Лука Геров“ кај зградите, тука се најмногу, но не изостануваат ни другите делови. Имаме сериозни индиции дека некој од страна носи кучиња и дека ги остава на територија на Ѓорче Петров, се работи за кучиња од голем раст. Реагираме како Општина до ЈП „Лајка“ која единствено е надлежна на територија на Град Скопје за хуман третман на кучињата скитници, вели Стојкоски.

Градоначалникот вели дека сепак треба нешто дополнително да се промени. Посочува дека од ЈП „Лајка“ излегуваат на терен, ги заловуваат, стерилизираат и повторно ги враќаат назад. Потврда за тоа е се поголемиот број на кучиња со ушни маркички.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.