Претседателот на синдикатот на ЈСП Миќо Стојановски информира дека вечерва пред Владата има петнаесетина двокатни автобуси и тие се таму по налог на градоначалничката Данела Арсовска.

Тоа е еден вид притисок врз Владата за што побрзо да реши тој нивен клинч околу долговите што Владата ги има кон ЈСП за блок дотации за превозот на средношколците и студентите во Градот Скопје, рече тој во емисијата „24 анализа“.

Тој додаде дека возачите се вратиле на своите работни места по одлуката на Советот на Град Скопје и договорено е како понатаму ќе тече финансиската инјекција кон ЈСП Скопје.

Претходно заменик-градоначалникот на град Скопје Александар Трајановски најави дека автобусите ќе останат на „Илинденска“ сѐ до исполнување на нивното барање.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи жали за состојбите во ЈСП Скопје и како што вели, неможноста Градот Скопје да одговори на уште една јавна услуга на која е обврзан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.