Овие изјави градоначалничке Арсовска што ги давате дека некој бојкотирал или не, тоа е само еден обичен пиар. Сега гледам излеговте, а ќе беше добро да ме слушнете додека говорам, рече Мартин Стојановски, советник во Советот на Град Скопје на денешната седница обраќајќи и се на градоначалничката која повторно ја напушти седницата на Советот.
Стојановски како советник од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во градот побара решение за од втори септември.
Во понеделник е втори септември, децата почнуваат со училиште, речиси сите се враќаат на работа и еве ви бел лист и напишете, кажете како ќе го решите превозот на 2 септември затоа што вие овде што го зборувате е за набавка на автобуси. Тоа е за една година од сега, рече Стојановски.
Стојановски јасно апелираше дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата бараат решение за превозот во градот за од втори септември, а не за до година.
Значи еве го листот и напишете, кажете решение за од втори септември“, и порача Стојановски на Арсовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.