Градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, на Фејсбук соопшти дека добил позитивен тест на коронавирусот.
Почитувани граѓани, сакам да ве известам дека денес направив тест за COVID-19 и сум позитивен на коронавирусот. Иако ги почитуваме сите протоколи, како општинска администрација не можеме комплетно да се изолираме и да ги занемариме проблемите на граѓаните, па вирусот не нѐ заобиколи. Ве замолувам сите кои бевте во контакт со мене овие денови да бидете совесни, да ги следите протоколите за самоизолација и да ги преземете сите потребни мерки. Јас се чувствувам добро и се надевам дека наскоро ќе се вратам на обврските во Општина Карпош!, напиша Јакимовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.