По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, Општина Гази Баба утре, среда, ја организира традиционалната Пивтијада 2022 година, информираат оттаму.

Манифестацијата ќе се оддржи на плоштадот во Автокоманда со почеток во 13 часот.

Манифестацијата покрај културен, има и натпреварувачки и хуманитарен карактер. Средствата собрани од продажбата на пивтиите ќе бидат донирани на Детската клиника во Скопје. На манифестацијата едночасовен концерт ќе има естрадниот уметник Јордан Митев, велат од Општината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.