Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски порачува дека општината е тргната по патот на напредокот и развојот и од тој пат враќање назад нема.

За повеќе од една година во општината се реализирани голем број на проекти, а само во првиот месец од новата година на територија на општина Гази Баба се започна со изградба на нови седум километри фекална канализација, изградба на пешачки патеки и асфалтирање на локални улици.

Дополнително, преку постапката за издавање на Обврзницата за брз развој се обезбедуваат финансиски средства за изградба на:

– Нова училишна зграда на ООУ Крсте Мисирков
– Две нови детски градинки
– Целосна изградба на фекалната канализација во Јурумлери
– Целосна изградба на фекалната канализација во Гоце Делчев
– Реконструкција на Културниот дом во Ченто
– Изградба на пречистителна станица за отпадни води во Црешево
– Изградба на други канализациони системи
– Изградба на локални улици

Граѓаните предолго чекаа и немаат повеќе време за чекање. Време е за брз развој на општина Гази Баба.

Доколку СДСМ е толку загрижена за граѓаните и општина Гази Баба ги прашувам: зошто не обезбедуваат средства од буџетот на Република Македонија за изградба на новата училишна зграда на ООУ Крсте Мисирков, нешто што и СДСМ го ветуваше на граѓаните?

Нема да дозволам поради своите деструктивни политики, СДСМ да го закочи брзиот развој на општина Гази Баба.

Времето на СДСМ во Гази Баба е завршено, порачува Стефковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.