Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски информира дека во тек е јавниот повик за доделување парична помош за социјално загрозени граѓани погодени од енергетската и финансиската криза.

– Општина Гази Баба во услови на сериозна инфлација, како и тешка енергетска и економска криза подготви социјален пакет за помош на социјално загрозените семејства од територија на нашата општина. Социјалниот пакет опфаќа две мерки и тоа:
(1) Паричната помош за месечна субвенција за електрична енергија за социјално загрозени граѓани, жители на Општина Гази Баба. За оваа парична помош може да поднесат барање членови на домаќинства кои се корисници на парична помош од социјална заштита (гарантирана минимална помош). Висината на месечната парична помош изнесува 1.100,00 денари со вклучен персонален данок. Средствата од паричната помош за субвенција за електрична енергија се трансферираат до снабдувачот на електрична енергија ЕВН Македонија АД.
(2) Месечна парична помош за корисници на пензија до најмногу 11.525,00 денари, жители на Општина Гази Баба. За оваа парична помош барање може да поднесат сите приматели на ниски пензии во висина до најмногу 11.525 денари, жители на Општина Гази Баба. Висината на месечната парична помош е во износ од 1.100,00 денари со вклучен персонален данок, појасни тој во неговата Фејсбук објава.

Градоначалникот ги повикува сите граѓани кои ги исполнуваат условите да аплицираат.

Потребните документи за аплицирање се на следниот линк од јавниот повик:

http://gazibaba.gov.mk/…/110322-Javen%20povik%20za…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.