Денес, 28.01.2023 година (сабота), градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пратениците Жаклина Пешевска и Зоран Коцевски, членовите на Советот на општина Гази Баба и граѓани беа на посета во неколку населени места низ Гази Баба со цел почеток со реализација на нови проекти.

За постеата, градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Во првиот месец од новата 2023 година, се градат над 7 километри нова мрежа на фекална канализација. Денес е работна сабота во Гази Баба. Заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пратениците Жаклина Пешевска и Зоран Коцевски, Советниците во Советот на општина Гази Баба и граѓаните означивме старт на градежните работи на четири нови проекти.
Започна со изградба четвртата фаза на фекална канализација во Чукур Маало – Трубарево, инвестиција вредна над 6.000.000 денари, средства обезбедени од буџетот на општина Гази Баба.
Во населеното место Смилковци започна со изградба последната фаза од фекалната канализација, инвестиција вредна 8.000.000 денари, средства обезбедени од буџетот на општина Гази Баба. По завршување на оваа фаза, секое семејство во Смилковци ќе има фекална канализација.
Дополнително ја градиме пешачката патека Колонија – Јурумлери на регионалниот пат, како и во завршна фаза се градежните активности за асфалтирање на улица 5 во Брњарци.
Кога се работи посветено и одговорно, чесно и домаќински, по план и програма тогаш проекти се реализираат во текот на целата година и во сите населени места.
Ова е почетокот на големата градежна офанзива која ќе се реализира во општина Гази Баба во 2023 година.
Со срце за нашата Гази Баба! – напиша Стефковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.