Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денес направи увид во градежните работи за изградба на улицата Христофер Жефаровиќ во населеното место Сингелиќ.

Во објавата на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот Стефковски напиша:

Започнаа градежните активности за изградба на улицата Христофер Жефаровиќ во Сингелиќ.
Денес направив увид на градежните активности за изградба на улицата Христофер Жефаровиќ во Сингелиќ.
Градежните активности се реализираат по склучениот договор за меѓуопштинска соработка помеѓу град Скопје и општина Гази Баба, а ЈП Улици и Патишта ги врши градежните работи.
Општина Гази Баба и градот Скопје имаат финансиско учество во инвестицијата за изградба на оваа улица.
Со изградбата на улица Христофер Жефаровиќ се реализира изборното ветување кое го дадовме пред жителите на Сингелиќ.
Во Гази Баба нема заборавени населени места.
Новото време во Гази Баба носи реализација на проекти во целата општина. – напиша Стефковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.