Фирмата која го менаџира колективното станување во кулите на Џевахир Скај Сити денеска излезе со демант преку својот адвокатски застапник, по поплаките на станарите од кулите А и Б дека немаа струја, лифтовите не работеле и немале довод на вода.

Од таму тврдат дека лифтовите не работеле само 10 минути. СЕ Клуб Фасилити Менаџмент Сервис потврдува дека постои долг од 6 милиони денари кон ЕВН, но дека станарите од индивидуалните домови не плаќале редовно, надвор од напојувањето на заедничките простории. Од таму додаваат дека сметката пристигнувала само на едно броило и дека од јули 2022 поскапувањето на електричната енергија е за 140 отсто. Поради тоа, приговор бил поднесен и до Регулаторната комисија за енергетика.

Имало и состанок со ЕВН за да се инсталираат посебни броила, но за тоа немало никаков одговор досега.

Во продолжение ви го изнесуваме комплетниот демант од СЕ Клуб Фасилити Менаџмент Сервис:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.