На почетокот да ја поздравам посетата од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на општина гази Баба и да се заблагодарам за поддршката која ни ја дава со цел за забрзана реализација на проектите кои што ни се ветени пред граѓаните. Денес имаме можност да присуствуваме на два капитални проекти. Во моментот се наоѓаме во Стајковци на свечено отварање на новата спортска сала во основното училиште „Кирил и Методиј“, инвестиција целосно обезбедена од буџетот на општина Гази Баба која чини 20 милиони денари. Искрено сум среќен што после 50 години, населеното место Стајковци и учениците од Стајковци и од околината добиваат спортска сала во која што ќе можат да ги реализираат часовите по физичко и здравствено образование. Салата е опремена со најсоодветна опрема и спортски реквизити и тука учениците ќе можат да партицираат повеќе видови на спорт, мал фудбал, кошарка, одбојка, ракомет, гимнастика и боречки вештини, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна градоначалникот на општината Гази Баба, Бобан Стефковски.
Тој додава дека посебна чест е за мене што на моја иницијатива салата ќе го носи името на Бобан Ивановиќ, македонски херој кој животот го загуби бранејќи ја Македонија во акцијата во Диво Насеље. Со оваа одлука споменот за Бобан Ивановиќ ќе биде вечен и никогаш нема да се заборави.
Исто така во текот на денешниот ден свечено пуштивме во употреба и отворен спортски комплекс во чии содржини има фудбалско игралиште со подлога од вештачка трева, ново кошаркарско игралиште и детско катче и жителите од околина од сите возрасти и од сите генерации ќе можат да спортуваат, да се дружат и да се рекреираат.Општина Гази Баба на почетокот на оваа година започна со голема градежна офанзива, така ќе продолжиме во иднина со цел реализација на сите проекти што се од нашата изборна програма и навистина да им направиме подобри услови за живот на нашите сограѓани во општина Гази Баба, вели Стефковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.