Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со амбасадорот на Словенија во Република Македонија Милан Предан во рамки на Земјоделскиот институт учествуваа на закројување на лозницата по повод Св. Трифун.

За настанот, градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Македонската традиција на Св. Трифун ја продолживме со закројување на лозата во Земјоделскиот институт.
Заедно со Амбасадорот на Република Словенија Милан Предан на покана на Земјоделскиот институт ја продолживме македонската традиција на закројување на лозницата по повод христијанскиот празник Св. Трифун.
Во рамки на Земјоделскиот институт се засадени една македонска и една словенска лоза, што го отсликува македонско – словенското пријателство.
Нека благословот на Св. Трифун даде плодна и бериќетна година за сите лозови насади во нашата Македонија!
Да е честит и за многу години денешниот празник! – напиша Стефковски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.