Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со преставници од сите сектори на општинската администрација, денес во текот на целиот ден вршеа прием на граѓани.

Овој начин на прием на граѓаните го воведе градоначалникот Стефковски и се оддржува по трет пат во општината.

За отворениот ден градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на која напиша:

Денешниот ден го поминав заедно со граѓаните. Со преставници од сите сектори во општинската администрација оддржавме приемен ден за граѓаните на општина Гази Баба. Со едно доаѓање во општината, граѓанинот има можност да се сретне со градоначалникот и со преставник од сектор со цел решавање на својот проблем. Градоначалникот е избран за да му служи на народот и среќен сум кога на крајот од денот ќе можеме да наброиме неколку проблеми и барања од граѓаните кои сме ги решиле во текот на денот. Сите граѓани кои сакаат средба со градоначалникот имаат можност да се најават телефонски на 02/3226-655, со пополнување на формулар на едношалтерскиот систем или електронски на емаил [email protected]

До денес нема граѓанин кој побарал, а не добил средба со мене. Тоа ќе биде така и во иднина, напиша Стефковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.