Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денес 11.04.2022 година означи почеток на градежните работи за изградба на нов голем мултифукнционален парк во населеното место Триангла.

За почетокот со изградба, Стефковски информираше на својата официјална страна на фесбук на која напиша:

Денес означуваме почеток на изградбата на првиот голем мултифункционален парк на територија на општина Гази Баба.

Паркот се гради помеѓу пешачката патека и општинското основно училиште Наум Нумовски Борче на површина од 2000 метри квадратни.

Во рамки на паркот ќе има повеќе содржини, комплетно хортикултурно уредување, ќе се изградат патеки со павер елементи, ќе се постави ново улично осветлување, летниковец и повеќефункционална фонтана.

Ќе се постават и повеќе реквизити за детска забава, додека на другиот крај од паркот ќе се изгради и парк за миленичиња.

Со изградбата на мултифункционалниот парк ќе се изврши урбанизација на овој простор на кој во минатото често се депонираше отпад.

Овој мултифункционален парк за жителите на Триангла, Маџари и цела општина Гази Баба ќе преставува нов уреден простор за одмор и рекреација.

Општина Гази Баба ќе продолжи со инвестициите во зголемувањето на парковските површини.

Изградбата на вакви мултифункционални паркови ќе продолжи и во други населени места“. – напиша Стефковски

На настанот покрај градоначалникот Стефковски, присуствуваше и пратеничката во Собранието на РМ Жаклина Пешевска, членови на Советот на Општина Гази Баба и граѓани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.