Заедно со градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денес, директно на терен го најавивме проектот за реконструкција на улицата Перо Наков.
Претходно општина Гази Баба и Град Скопје склучија договор за меѓуопштинска соработка.
Во оваа фаза од реконструкцијата ќе се опфати потегот од раскрсницата со улица Маџари до улица Индустриска 2.
Проектите треба да бидат одраз на барањата на граѓаните.
Навистина ме радува што во првите месеци од нашите мандати, се зафативме со решавање на долгогодишен проблем и приоритетно барање на жителите но и на стопанствениците од овој дел на нашата општина.
Ова е само почеток на промените во Гази Баба и Градот Скопје, напиша на Фејсбук, градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.