Младиот Медијан од утре ќе биде вработен во ЈКП Гази Баба!, информира градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
-Денес во просториите на општина Гази Баба имав средба со младиот Мете од Хиподром.
За жал животот неколку пати си поиграл со него и во моментов тој се соочува со неколку проблеми.
Онака како што ветив по најавата на емисијата “Срце на дланка” пред се како човек, а потоа и како градоначалник на општина Гази Баба му подавам рака на Медијан за заедно да се избориме тој да има подобри услови за живот.
За таа цел договоривме веќе од утре Медијан да започне со работа во ЈКП Гази Баба, а по однос на правниот спор кој го има ќе му обезбедам адвокат чии трошоци ќе бидат регулирани од моја страна.
Дополнително му обезбедивме намирници за храна за следните денови.
Хуманоста е наша должност и обврска.
Медијан е младо и талентирано момче кое ја заслужува нашата помош.
Од денес Мете во мене има пријател и сојузник во неговата борба и верувам дека заедно ќе се избориме за подобро утре!
Им благодарам од срце на Никола, Виктор, Даниел, Сашо и сите останати жители на Хиподром кои дадоа силна поддршка на Медијан!, пишува Стефковски на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.