Перински: Водовод за три месеци оствари раст на приходите намалување на трошоците и зголемени инвестиции

Скопје 11.07.2022 / 14:06

На седницата на Советот на Град Скопје, денеск помина финансискиот извештај за работењето на ЈП Водовод и канализација – Скопје за првиот тримесечен период оваа година.

Во првото тримесечје претпријатието бележи раст на приходите, намалување на трошоците и зголемени инвестиции за над 30 проценти.

Податоците говорат дека е остварена нето добивка од 81.924.851 денари или вкупно е остварен финансиски резултат којшто е подобрен за 196.333.653 денари во споредба со истиот период минатата година.

Приходите се зголемени за 6% во вкупна вредност од 402.338.259 денари, додека расходите се намалени за 35% во вкупна вредност од 313.434.772 денари.

Зголемена е наплатата за вкупно 14% или одделено по категории:
– за домаќинство 1%
– за стопанство 40%

Зголемени се инвестициите во мрежите во сопствено производство за 35% во исклучително тешка година.

Благодарам на целиот тим и на сите вработени во ЈП Водовод и канализација – Скопје, продолжуваме понатаму успешно и ангажирано за сите скопјани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.