Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, денес направи увид во градежните работи за изградба на фекална канализација во дел од Урбаната заедница Триангла.
За посетата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
Се решава долгогодишниот проблем со фекалната канализација на жителите од ул. „Модест Мусоргски“ во Триангла. Утрово направивме увид во градежните работи на новата мрежа на фекална канализација која ја градиме на ул. „Модест Мусоргски“ во Триангла. Со оваа инвестиција ставаме крај на долгогодишниот проблем кој го имаа жителите од овој дел на Триангла. Инвестициите за реализација на проекти продолжуваат насекаде низ општина Гази Баба. Дополнително во завршна фаза е и проектната документација за реконструкција и ревитализација на целата улица Модест Мусоргски со изградба на тротоари. Општина Гази Баба од ден за ден станува подобро место за живеење, напиша Стефковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.