Што се случува во куќата на стравот наречена скопска Зоолошка?, прашува Стефан Кирков, кинолог и активист, во својот статус на фејсбук.

Уште една оваа установа и Град Скопје покажаа дека нив апсолутно ништо не ги интересира, арогатни се, манипулираат со јавноста т.е мислат дека манипулираат и се до лакти со рачињата во мед!, пишува Кирков.

После мојата изјава за дневникот на ТВ Сител во петокот каде реагирав на неколку работи тие уште еднаш ја покажаа ароганцијата, не се појавија лично со изјава него со лажна изјава како демант на сето тоа кое го искажав а за тоа кој е во право и кој кажува фатки а кој лаги небулози и ја лаже цела јавност ке дебатираме со докази низ прашања па отука во неколку реченици…

➡ Демантираат дека Лавот е болен но признаваат дека истиот има рана на главата и дека има лузни на телото но тие не биле од здравствена причина !!! Дали вие мислите дека ова кое го изјавувате е нормално за една установа како што е ЗОО Скопје ?! Ако не се здравствена причина тогаш ве молам објаснете од што е лузната на главата и гнивичните инфекции по телото , дали вие проверувате какви текстови ви се сервираат пред да ги објавите во јавност ?!

➡ Деманирате дека имало вработени ветеринари, да но не кажувате дека истите се вработени СЕГА по притисок на јавноста и моите излагања но јас би ве прашал следно….за стручен ветеирнар го сметате човекот кој НИКОГАШ не работел како ветеринар него неговата активност во Скопје ЗОО беше организирање на родендени за деца а сега под притисок го пријавувате како ветеринар !? Имаме ново име за кое е тотален анонимус во ветеринарниот сектор , тогаш ве молам објаснете кога тој ветеринар и дали има работено со диви животни и какво е неговото портфолио и искуство ?! Дали Скопје ЗОО треба да биде експериментална установа за лекување на животни ?!

➡ Изјавувате дека имате направено меморандум за соработка со приватни ветеринарни болници , ве молам објаснете дали и како е склучена оваа соработка, врз однова на тендерска постапка или во четири очи? Тендер во вашиот годишен план за ваков тип соработна НЕ ПОСТОИ ! Ве молам објаснете врз кои кртериуми вие самите одлучувате со која ветеринарна ординација ке склучите договор и колку чини тоа задоволство платено од наши пари и пари на сите Скопјани ?! Дали овие ветеринари кој приватно ги плакаме сите ние некогаш работеле до диви животни и кое е нивното искуство и портфолио во оваа област ?! Објавете го јавно ценовникот за овие ваши консултански услуги како и досега колку и на кој се е исплатено за овие така наречени услуги ?!

➡ И ако се е така мед и млеко како што соопштувате…..објаснете зашто ви умираат животни во Скопската Зоолошка како никогаш до сега , шимпанзо,зебра,пингвини,коњи и што ли уште не !?
Јавно ги повикувам сите новинари да напарават целосно новинарско истражување за се што се случува во куката на стравот наречена Скопска ЗОО , за сите индиции кој ги имам од внатре ви стојам на располагање.

Деновиве контактирам со многу невладини мегународни друшства за заштита на животни кој ги запознавам со овој логор на животни, наскоро ке имаме многу иницијативи затоа што животните немаат партија ниту членска книшка , затоа што покажа Данела Арсовска со нејзините кадри дека е тука само за раце во мед и од градот напраи пустош па на ред и дојдоа и животните !!!!
Во прилог погледнете колку договорци со скапи договори се ангажирани во Скопје ЗОО и колку измислени позиции за рачиња во мед постојат .
Данела Арсовска дами и господа !, пишува Кирков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.