Учениците од прва година средно образование кои ги исполнуваат условите за бесплатен превоз (ученици во средни училишта чиј основач е Град Скопје) билетите ќе ги добијат во матичните училишта. Всушност, сега ќе им бидат дадени времени билети, кои во меѓувреме ќе бидат заменети со „Скопска“, информираат од ЈСП Скопје.

Учениците од повисоките одделенија, во случај да имаат потреба од нова персонализирана електронска картичка „Скопска“ (поради изгубена картичка и слично), нова/дупликат можат да обезбедат во кој било центар за персонализација на ЈСП Скопје.

Притоа, неопходно е да достават потврда од училиште и да платат еднократен надомест од 200 ден за изработка на картичката.

Средношколските билети за бесплатно користење на јавен превоз, важат за сите линии (градски и приградски) во период од 05 до 24 часот, односно, единствено не важат за користење на ноќни линии.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.