Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче Петров деновиве во хуманитарна акција, која ја прави веќе втора деценија, спроведена од членовите на Комитетот собираше намирници за исхрана.
На акцијата оваа година и се приклучи и Рози Мицкоска, сопруга на претседателот на партијата Христијан Мицкоски, која даде несебичен придонес за акцијата да биде успешна.
Собраните намирници, ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Ѓорче Петров ги однесе во црквата Св. Петар и Павле, од каде истите ќе бидат предадени на хуманитарната организација Св. Спас, која секојдневно носи топол оброк во црквата за бездомници.
Оваа година акцијата ја одбележа масовност и големи донации.
Кога власта ги занемарува лицата на кои им треба помош, ВМРО-ДПМНЕ прави се што е во негова можност да им помогне на тие лица. Човечноста мора да биде основна одлика на секој поединец, и тоа е еден од принципите на кој се потпира секој член на партијата. ВМРО-ДПМНЕ како партија која ќе ја предводи идната влада ќе работи напорно, за ваквите акции да бидат се помалку потребни, преку развој на државата и создавање подобра иднина за сите, велат од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.