ЈП Улици и патишта-Скопје информира дека денеска и утре од 8 до 15 часот привремено ќе има режим на сообраќај во дел од центарот на Скопје поради реконструкција на коловозот на улицата „Даме Груев“ односно машинско гребење на оштетениот асфалт.

Како што соопшти претпријатието, привремениот режим на сообраќај ќе биде воведен на ул. „Даме Груев“ во насока од крстосницата со ул. „Димитрија Чуповски“ до ул. „Македонија“ и ќе биде обележан со соодветна сигнализација.

-Поради изведба на градежните активности ќе бидат затворени двете коловозни ленти, соопшти
ЈП Улици и патишта-Скопје и апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја приспособат брзина на движење на условите на патот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.