Сè уште активен е пожарот кој денеск изби меѓу кејот на Вардар и булеварот „Илинденска“ во Карпош. Запалени се сува трева и ѓубре од депонија, а чадот се рашири низ голем дел од населбата.
Од скопската противпожарна бригада известуваат дека пожарникарите се на терен и се очекува за кратко огнот да биде изгаснат.
Пожарот се гасни со три пожарникарски возила и седуммина пожарникари.
Засега нема информација дали пожарот бил предизвикан од топлото време или од човечки фактор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.