По повод одбележувањето на Светскиот ден на заштита на природата, првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска на настан во парк-шумата Гази Баба официјално ќе го означи почетокот на кампањата „Делувај сега, за природата“.

Кампањата, како што соопштуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе се спровдува преку различни активности во текот на целата година и има за цел да поттикне позитивни и одговорни однесувања во природата, да го поттикне волонтерството и грижата за природата која значи живот, подобро здравје, место за релаксација и одмор, а воедно е и дом на богат животински и растителен свет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.