ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје постави нов самоуслужен дигитален киоск за наплата на фактури во Сити мол. Киоскот за наплата на фактурите за услугите на претпријатието е поставен на првиот кат, во делот означен за банкомати, информираат денеска од ова претпријатие.

Корисниците можат да ја искористат опцијата за брзо плаќање без провизија, преку киосците за наплата што се поставени на уште четири локации во град Скопје. Во дирекцијата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Одделението за грижа на корисници во ЈП „Комунална Хигиена“ – Скопје, во ГТЦ на приземје и во Капитол мол, се појаснува во соопштението.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје нагласуваат дека претпријатието овозможува пристап до сите информации на веб-страницата www.vodovod-skopje.com.mk, но и до електронските сервиси преку e.vodovod-skopje.com.mk, каде на едноставен, лесен и безбеден начин, со следење на приложените упатства, корисниците имаат можност да поднесат барање за добивање на електронска фактура.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.