Гледаме дека во континуитет овие неколку дена од понеделникот директорите објаснуваат, даваат аргументи вклучително и на некои медиуми преку соопштенија, преку статуси на социјалните мрежи, а денес имаме молк од кабинетот на градоначалникот и од госпоѓата Арсовска после и од нејзина страна изнесени тешки обвинувања, истакна Трајко Славески член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на советот на Град Скопје.
Дополнително Славески потенцираше дека после неколку месечно следење на активностите на Арсовска од страна на партијата, донеле став дека е далеку од очекувањата за перфомансот на градоначалниката Данела Арсовска, тој посочи дека неговото мислење е дека нема да дојде до откажување од овој капитален проект важен за скопјани.
Тој потврди дека градоначалничката не воспоставила комуникација која е природна помеѓу градоначалник и претседател на совет, потврдувајќи ги аргументите на екс-директорите за односот на Арсовска кон соработниците.
Не сме разговарале за оставка во партијата, но ако се испостави сега дека има прекршоци од страна на градоначалникот Арсовска во смисла на антидатирање на документи како што е истакнато на прес-конференции итн, понатаму ако се испостави дека упадот во процесот на избор на најповолен понудувач, протекувањето на информации во некој медиуми два дена пред отворање на понудите, тоа е сериозна работа, во тој случај по закон може да бараме примена на законот, интервенција на органите на правосудството а тоа значи дека ќе има посериозни консеквенци. Како претседател на советот, како и до сега се трудам и ќе обезбедам оние прашања и проекти што се во интерес на скопјани, некој што ние заедно работејќи на програмата минатата година сме ги поддржале и предложиле, ќе ги поддржуваме и понатаму, рече Славески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.